Исаија 11:1-16

11  Фиданка+ ќе изникне од пенушката на Јесеј,+ подник+ од неговиот корен ќе донесува плод.+  Врз него ќе почива Јеховиниот дух,+ духот на мудроста+ и разборитоста,*+ духот на советот и на силата,+ духот на знаењето+ и на стравот од Јехова.+  Тој ќе ужива во стравот од Јехова.+ Нема да суди според она што го гледа, ниту ќе укорува според она што го слуша.+  По правда ќе им суди на сиромасите,+ праведно ќе укорува, бранејќи ги кротките на земјата. Ќе ја удри земјата со пратот на својата уста,+ со здивот* на својата уста ќе ги погуби злите.+  Колковите ќе си ги опаше со праведност,+ а бедрата со верност.+  Волкот ќе живее со јагнето,*+ леопардот ќе лежи со јарето, телето и младиот лав+ и згоеното животно ќе бидат заедно,+ а мало дете ќе ги води.  Крава и мечка ќе јадат заедно, а нивните младенчиња ќе лежат едно до друго. Лавот ќе јаде слама како бик.+  Доенчето ќе си игра над дупката на кобра,+ детето одбиено од гради ќе ја става раката на дупка од змија отровница.  Повеќе нема да се прави зло+ и нема да се пустоши на целата моја света гора,+ зашто земјата ќе биде полна со знаење за Јехова, како што морето е полно со вода.+ 10  Во тој ден+ ќе се појави коренот на Јесеј,+ кој ќе стане како собирен знак за народите.+ Од него ќе бараат совет народите,+ и неговото живеалиште ќе биде славно.+ 11  Во тој ден Јехова по вторпат ќе ја испружи раката+ да го собере остатокот од својот народ, кој ќе преостане, од Асирија,+ од Египет,+ од Патрос,+ од Хус,*+ од Елам,+ од Сенар,+ од Емат и од морските острови.+ 12  И ќе им го подигне собирниот знак на народите и ќе ги собере распрснатите синови на Израел+ и ќе ги собере расеаните синови на Јуда од четирите краишта на земјата.+ 13  Ќе исчезне љубомората на Ефрем,+ ќе бидат истребени непријателите на Јуда. Ефрем нема да му биде љубоморен на Јуда, а Јуда нема да му биде непријател на Ефрем.+ 14  На филистејските плеќи ќе полетаат кон запад,+ заедно ќе ги опљачкаат синовите на Истокот.+ Ќе ја испружат својата рака против Едом и Моав,+ а синовите на Амон ќе им бидат покорни.+ 15  А Јехова ќе го исуши заливот на египетското море+ и со својата рака ќе замавне на Реката+ со жарот на својот здив. Ќе нападне седум нејзини надојдени ракави и ќе направи луѓето да ги преминуваат во сандали.+ 16  А за остатокот+ од неговиот народ, кој ќе преостане,+ ќе биде подготвен друм+ од Асирија, како што му беше подготвен на Израел во денот кога излезе од египетската земја.

Фусноти

Види ја фуснотата за Из 3:5.
Буквално: „со духот“.
Или: „привремено (повремено) ќе живее со јагнето“.
Или: „Етиопија“.