Проповедник 4:1-16

4  Пак почнав да ги набљудувам сите угнетувања+ што се прават под сонцето, и гледај, солзи на угнетуваните,+ а нема кој да ги утеши.+ Моќта е во рацете на нивните угнетувачи, а нема кој да ги утеши.  Затоа, сметам дека мртвите што се веќе умрени се посреќни од живите што сѐ уште се живи.+  А и од едните и од другите е подобар оној што уште и не се родил,+ кој не ја видел мачната работа која се врши под сонцето.+  И видов дека сиот труд и сиот успех во работата+ предизвикува соперништво меѓу луѓето.+ И тоа е суета и трчање по ветар.  Безумникот си ги скрстува рацете+ и си го јаде своето тело.+  Подобар е еден грст одмор отколку два грста труд и трчање по ветар.+  Пак почнав да ја набљудувам суетата под сонцето:  има таков што е сам, без другар,+ и без син, и без брат,+ но нема крај на сиот негов труд. Очите негови не можат да се наситат со богатство.+ И се прашува: „За кого се трудам и ѝ го скратувам на душата своја она што е добро?“+ И тоа е суета и мачна работа.+  Подобро им е на двајца отколку на еден,+ зашто имаат добра плата за својот труд.+ 10  Зашто, ако падне едниот, другиот ќе го подигне другарот свој.+ А како ќе му биде на едниот ако падне, а нема кој да го подигне?+ 11  И двајца ако лежат заедно, ќе се згреат. А еден — како ќе се згрее сам?+ 12  И ако некој го совлада едниот, ако се двајца, ќе можат да му се спротивстават.+ А трикратно јаже не се кине лесно. 13  Подобар е младич сиромав, ама мудар,+ отколку стар цар, ама безумен,+ кој повеќе не знае да прими совет.+ 14  Зашто, тој може да излезе од затворот и да стане цар,+ иако се родил сиромав во царството.+ 15  Ги видов сите живи што одат под сонцето, и што се случува со младичот кој доаѓа на негово место.+ 16  Му нема крај на сиот народ, на сите на чие чело е тој.+ Но народот подоцна нема да му се радува,+ зашто и тоа е суета и трчање по ветар.+

Фусноти