Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПЕСНА 134

Децата се скапоцен дар од Бог

Децата се скапоцен дар од Бог

(Псалм 127:3-5)

  1. 1. Кога маж ќе стане татко,

    една жена пород штом има свој,

    нов живот донеле на светот,

    но не е само од нив тој.

    Јехова, изворот на живот,

    е тој што дава таков убав дар.

    И родителите ги води,

    да бидат мудри им помага.

    (РЕФРЕН)

    Нов живот, свет и многу вреден,

    во ваши раце сега е.

    Ќе биде среќно тоа дете

    штом Бог го сака од срце.

  2. 2. Нека врежани се во вас

    заповедите од Божјата Реч.

    За нив зборувајте со љубов

    со својте деца секој ден.

    Да, ваква улога ве чека

    што само вам Јехова ви ја дал,

    за во годините што идат

    по патот прав да зачекорат.

    (РЕФРЕН)

    Нов живот, свет и многу вреден,

    во ваши раце сега е.

    Ќе биде среќно тоа дете

    штом Бог го сака од срце.