Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПЕСНА 14

Да го славиме новиот Цар на Земјата!

Да го славиме новиот Цар на Земјата!

(Псалм 2:12)

  1. 1. Се збира мноштво големо

    од секој народ, племе,

    под водството на Исус

    и на робот негов верен.

    Се роди веќе Царството,

    завладеа од небото.

    Ќе владее и на Земјата,

    брзо иде тоа време.

    (РЕФРЕН)

    Бог го славиме, и Синот негов,

    зашто Цар над царевите Исус е!

    Подложни на својот Цар и со песна

    сложно го славиме.

  2. 2. Го славиме со радост

    и со восхит сите Царот!

    Ќе донесе спасение

    и мир за својот народ.

    Пред очи ни е времето

    со спокојство за секого.

    И блиските ќе ни воскреснат,

    какви времиња на радост!

    (РЕФРЕН)

    Бог го славиме, и Синот негов,

    зашто Цар над царевите Исус е!

    Подложни на својот Цар и со песна

    сложно го славиме.