Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПЕСНА 47

Моли го Бог секој ден

Моли го Бог секој ден

(1. Солуњаните 5:17)

  1. 1. Дар од Јехова молитвата е.

    Тој да нѐ слуша е огромна чест.

    Сметај го него за пријател свој,

    доверба имај, ќе помогне тој.

    Моли го Бог секој ден.

  2. 2. Кажи му колку благодарен си.

    Побарај прошка и простувај ти.

    Признај ги грешките свои без страв.

    Тој ќе си спомне: нѐ создал од прав.

    Моли го Бог секој ден.

  3. 3. Штом ти е тешко, помоли го Бог.

    Тука е за нас во добро и зло.

    Побарај заштита, водство во сѐ.

    Не губи вера, тој крај тебе е.

    Моли го Бог секој ден.