Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПЕСНА 93

Благослови ги нашите состаноци!

Благослови ги нашите состаноци!

(Евреите 10:24, 25)

  1. 1. Фала, Боже наш Јехова,

    што сме овде заедно.

    Давај ни од својот свет дух,

    давај ни и благослов.

  2. 2. Учи нѐ од Речта, Боже,

    таа да нѐ прочисти.

    Дај ни мудрост за во служба,

    в срце љубов всади ни.

  3. 3. Мир и единство, наш Татко,

    меѓу нас да владее. 

    Преку зборови и дела

    тебе да те славиме.