Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Рибата Ostracion cubicus

Рибата Ostracion cubicus

Случајно или создадено?

Рибата Ostracion cubicus

Дизајнерите на автомобили кои сакаат да произведат јако, еколошко возило кое штеди енергија добија инспирација од морето! Рибата Ostracion cubicus, која живее во близина на коралните гребени во тропските мориња, е идеален модел за производство на лесно возило со неверојатна аеродинамика.

Размисли: Оваа риба плива многу брзо — за една секунда може да преплива растојание што е шест пати поголемо од должината на нејзиното тело. Меѓутоа, нејзината брзина не се должи на некаква посебна сила. Спротивно на очекувањата, коцкастиот облик на рибата, всушност, ја зголемува нејзината аеродинамичност. Инженерите кои изработиле еден вид макета на оваа риба и ја испробале во тунел за аеродинамични испитувања утврдиле дека моделот со ваква форма се движи низ воздухот многу поефикасно од малите возила.

Кожата на рибата Ostracion cubicus има ковчеста структура која ѝ дава максимална јачина и минимална тежина. Додека плива, околу неа се создаваат мали вртлози кои ѝ даваат стабилност кога ќе се најде во разбранувани води. Тоа ја прави неверојатно подвижна и ја штити од повреди.

Инженерите сметаат дека од оваа риба може да научат како да произведат побезбедни возила кои помалку ќе трошат, а сепак ќе бидат лесни. Д-р Томас Вебер, директор на едно одделение за истражување и развој, вели: „Да бидам искрен, бевме изненадени што токму оваа риба, која изгледа толку несмасно, ни послужи како модел за дизајнирање на аеродинамично возило кое троши помалку гориво“.

Што мислиш? Дали рибата Ostracion cubicus која има ваков облик настанала случајно или е дело на мудар Творец?

[Извори на слики на страница 10]

Рибата Ostracion cubicus: © Hal Beral/V&W/SeaPics.com; автомобил: Mercedes-Benz САД