Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Запчестиот механизам кај еден инсект

Запчестиот механизам кај еден инсект

ДОЛГО време се сметаше дека запчестиот механизам е човечки изум, но неодамна беше откриен и кај едно живо суштество — младенчето на инсектот Issus coleoptratus, кој може да се најде во градините низ цела Европа. *

Младенчето на инсектот Issus coleoptratus при скок може да достигне брзина од 3,9 метри во секунда за само двеилјадити дел од секундата. Тоа го прави со сила која е речиси 400 пати поголема од гравитацијата! Овој инсект скока толку брзо што може да го снема дур да трепнеш. За да изведе вакви скокови, тој мора во точно исто време да употреби иста сила со двете задни нозе. Која е тајната за ваквата синхронизираност?

Размисли: Научниците откриле дека помеѓу двете задни нозе на овој инсект има запченици кои меѓусебно се спојуваат. Запчениците му овозможуваат на инсектот совршено да ги синхронизира двете нозе. Во спротивно, при скокот овој инсект би се вртел како вртелешка!

Кога скокаат, поголемите суштества ги синхронизираат нозете со помош на својот нервен систем. Но, нервните импулси би биле пребавни за инсектот Issus coleoptratus, и затоа запчестиот механизам помеѓу нозете му е од голема помош. Истражувачот Грегори Сатон вели: „Досега мислевме дека запчениците се нешто што може да се најде само кај машините направени од човечка рака“. Зошто? „Затоа што не вложивме доволно труд да ги побараме [на друго место]“, додава тој.

Што мислиш? Дали запчестиот механизам кај инсектот Issus coleoptratus настанал по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?

^ пас. 3 Кога овој инсект ќе достигне зрелост, ги губи запчениците.