Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Древна книга со совети за нашево време

Древна книга со совети за нашево време

Многу луѓе ја почитуваат Библијата како света книга. Но, освен што ни ја открива вистината за Бог, таа содржи и корисни совети за секојдневниот живот.

Забележи каква корист имале некои луѓе од тоа што ја читале Библијата и ги применувале нејзините совети.

„Сега водам многу посмирен живот. Се чувствувам подобро и во умствен и во емоционален поглед. Научив да размислувам попозитивно“ (Фиона).

„Откако ја проучувам Библијата, најдов вистинска смисла во животот“ (Елена).

„Мојот живот во голема мера се промени на подобро. Сега работам помалку и поминувам повеќе време со семејството“ (Ендру).

Фиона, Елена и Ендру не се единствените што сфатиле колку е корисна Библијата. Многу луѓе низ целиот свет откриле дека таа содржи практични совети за секојдневниот живот.

Да видиме како Библијата може да ни помогне да си ги подобриме:

  • физичкото здравје

  • емоционалното здравје

  • односите со семејството и пријателите

  • начинот на кој раководиме со парите

  • духовноста

Во следните статии ќе видиме дека Библијата не е само света книга, туку дека може многу да ти користи во секојдневниот живот.