Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Покажувај љубов

Покажувај љубов

Коренот на проблемот

Предрасудите не се искоренуваат преку ноќ. Исто како што треба време за да се победи еден вирус, така треба време и за да се победат предрасудите. Што ќе ти помогне да ги искорениш предрасудите што ги имаш?

Библиско начело

„Облечете се во љубов, зашто таа совршено ве поврзува“ (КОЛОШАНИТЕ 3:14).

Што учиме од ова? Кога им правиме добро на другите, тоа нѐ зближува со нив. Колку повеќе ги сакаме толку помалку предрасуди имаме. И колку поголема е нашата љубов толку помалку место за омраза ќе има во нашето срце.

Што можеш да направиш

Размисли на кои конкретни начини можеш да покажеш дека ги сакаш луѓето што припаѓаат на некоја група за која можеби имаш негативно мислење. И тоа не мора да биде нешто големо. Би можел да пробаш со следниве предлози:

Со секој мал чин на љубов, една по една ги искоренуваш предрасудите од своето срце

  • Покажувај убави манири кон луѓето од таа група така што ќе ја придржиш вратата за некого од нив или ќе му го отстапиш местото во јавен превоз.

  • Пробај да започнеш разговор со нив дури и ако не го зборуваат течно твојот јазик.

  • Биди стрплив кога прават нешто што ти е малку чудно.

  • Покажи сочувство кога ти кажуваат за некои свои проблеми.