Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Која е вистината за небото

Која е вистината за небото

Која е вистината за небото

КОЛКУ привлечно може да звучи мислата да се оди на небото! Надеж за живот по смртта негуваат муслиманите, хиндусите, будистите, припадниците на христијанските цркви, па дури и многу лица што не се заинтересирани за религијата. Луѓето обично си го замислуваат небото како место на убавина и задоволство, каде што може да најдат олеснување од страдањата и повторно да бидат заедно со своите „најмили што починале“. Сепак, повеќето ќе се согласат со една стара поговорка: Секој сака да оди на небото, но никој не сака да умре за да појде таму. Зошто?

Ако е точно дека човекот бил создаден за да оди на небото откако ќе умре, зар многу луѓе нема едвај да чекаат да им се случи тоа, исто како што едно дете едвај чека да порасне или една млада личност едвај чека да стапи во брак? Но, поголемиот дел од луѓето не сакаат да умрат.

Сепак, свештените лица тврдат дека, по краткиот престој на Земјата, луѓето треба да живеат на небото. На пример, кардиналот Теодор Едгар Мекарик, поранешен надбискуп на Вашингтон (Д.К.), рекол: „Ние не сме создадени за ваков живот на Земјата. Создадени сме за да живееме на небото“. Нешто слично кажал и еден поранешен претседател на Американското национално здружение на евангелистите: „Смислата на животот е да го прославиме Бог и да отидеме на небото... бидејќи небото е нашиот дом“.

Оние што веруваат во задгробен живот на небото обично ги темелат своите верувања на недоволно информации. Џорџ Барна, претседател на една компанија што врши анкети во врска со верските гледишта на луѓето, открил дека многумина усвојуваат „гледишта за животот и за задгробниот живот на темел на идеи од најразлични извори, како што се филмовите, музиката и романите“. Еден епископален пастор во Флорида рекол: „За небото не знаеме ништо друго освен дека таму е Бог“.

Меѓутоа, небото е една многу важна тема што се спомнува во Библијата. Што вели Божјата Реч, што има на небото? Дали човекот бил создаден за да живее на небо? Ако е вистина дека луѓето одат на небото, тогаш што ќе прават таму?

[Истакната мисла на страница 3]

Зошто многумина сакаат да одат на небото, но малкумина сакаат да умрат за да појдат таму?