Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Одговор на библиски прашања

Одговор на библиски прашања

Дали Библијата е книга од Бог?

Веројатно очекуваш една книга од Бог да биде посебна. А Библијата е токму таква книга. Таа е отпечатена во милијарди примероци на стотици јазици. Мудроста запишана во Библијата може да ги смени луѓето на подобро. (Прочитај 1. Солуњаните 2:13; 2. Тимотеј 3:16.)

Библијата многу точно ни ја кажува иднината, и тоа нѐ уверува дека таа е книга од Бог. Ниту еден човек не може сам да ја претскаже иднината. На пример, размисли за книгата на пророкот Исаија. Во една пештера во близина на Мртвото море, бил пронајден препис од оваа книга кој датира од вториот век пр.н.е. Во него пишува дека градот Вавилон ќе биде ненаселен. Овие зборови се исполниле стотици години откако бил напишан овој препис. (Прочитај Исаија 13:19, 20; 2. Петрово 1:20, 21.)

Како била пишувана Библијата?

Околу 40 мажи ја пишувале Библијата во период од околу 1.600 години. Сите тие пишувале на иста тема без да си противречат еден на друг. Како било можно ова? Бог ги водел додека пишувале. (Прочитај 2. Самоилова 23:2.)

Понекогаш Бог им зборувал на тие луѓе преку ангели, виденија и сонови. Најчесто, Бог им ги пренесувал на писателите мислите што сакал да се запишат, но им дозволувал сами да изберат со кои зборови ќе ја изразат неговата порака. (Прочитај Откровение 1:1; 21:3-5.)