Префрли се на текстот

Дали Јеховините сведоци одат на лекар?

Дали Јеховините сведоци одат на лекар?

 Да. Јеховините сведоци одат на лекар и прифаќаат медицинска помош. Иако се трудиме да си го чуваме здравјето, понекогаш ни „треба лекар“ (Лука 5:31). Всушност, исто како Лука — христијанин од првиот век, некои од Јеховините сведоци денес се лекари (Колошаните 4:14).

 Но, не прифаќаме лекување што се коси со начелата од Библијата. На пример, не прифаќаме трансфузија на крв затоа што во Библијата е забрането некој да прима крв за да си го продолжи животот (Дела 15:20). Освен тоа, во Библијата е забрането лекување во кое има спиритизам (Галатите 5:19-21).

 Сепак, најголемиот број медицински третмани не се во спротивност со библиските начела. Затоа, секој си има право на избор. Еден Сведок можеби ќе одлучи да прифати одредено лекување, додека друг Сведок можеби ќе одлучи да не го прифати истото лекување (Галатите 6:5).