Префрли се на текстот

Дали Јеховините сведоци сметаат дека само тие ќе се спасат?

Дали Јеховините сведоци сметаат дека само тие ќе се спасат?

 Не. Милиони луѓе кои живееле во минатите векови и не биле Јеховини сведоци ќе имаат можност да се спасат. Библијата објаснува дека во новиот свет што го ветува Бог, тој „ќе ги воскресне и праведните и неправедните“ (Дела 24:15). Освен тоа, многу луѓе што живеат денес можеби допрва ќе почнат да му служат на Бог, па и тие ќе бидат спасени. Како и да е, не е до нас да судиме кој ќе биде или нема да биде спасен. Тоа му е препуштено само на Исус (Јован 5:22, 27).