Префрли се на текстот

Дали Јеховините сведоци се американска секта?

Дали Јеховините сведоци се американска секта?

 Нашето светско седиште се наоѓа во САД. Меѓутоа, ние не сме американска секта од следниве причини:

  •   Некои го дефинираат зборот секта како група што се отцепила од некоја традиционална религија. Јеховините сведоци не се отцепиле од некоја друга религиозна група. Наместо тоа, ние сметаме дека сме обновена форма на христијанството од првиот век.

  •   Јеховините сведоци активно проповедаат во повеќе од 230 земји. Каде и да живееме, првенствено сме им оддадени на Јехова Бог и на Исус Христос, а не на американската или на некоја друга човечка влада (Јован 15:19; 17:15, 16).

  •   Сите наши учења се темелат на Библијата, а не на списите на некој верски водач од САД (1. Солуњаните 2:13).

  •   Ние сме следбеници на Исус Христос, а не на некој човечки водач (Матеј 23:8-10).