Префрли се на текстот

Обиколки на Бетел

Срдечно те покануваме да ги разгледаш нашите подружници, односно Бетели. Во некои од нашите подружници има изложби кои може самостојно да се разгледаат.

Повторно има обиколки: Од 1 јуни 2023 год., повторно има обиколки во Бетелите во многу земји. За повеќе информации, стапи во контакт со подружницата која би сакал да ја посетиш. Те молиме да не доаѓаш на обиколка доколку си позитивен на КОВИД-19, имаш симптоми на настинка или грип или неодамна си бил во контакт со некој што е позитивен на КОВИД-19.

Кореја

Закажување обиколка

Дали треба однапред да закажеш обиколка? Да. За да се избегне гужва и за да може секој да ужива во обиколката, ги замолуваме оние што сакаат да го посетат Бетел, без разлика на големината на групата, да закажат однапред.

Дали ќе можеш да имаш обиколка доколку не си закажал однапред? Ако немаш закажано, можеби нема да бидеме во можност да ти организираме обиколка. Бидејќи просторот е ограничен, секој ден Бетел можат да го посетат само одреден број луѓе.

Кога треба да дојдеш на закажаната обиколка? За да се избегне гужва, те молиме да не доаѓаш повеќе од еден час пред закажаниот термин.

Како можеш да закажеш обиколка? Кликни на „Закажи обиколка“.

Дали можеш да го смениш терминот или да ја откажеш обиколката? Да. Кликни на „Провери го или смени го терминот“.

Што ако нема слободен термин во денот кој тебе ти одговара? Продолжи да проверуваш на страната бидејќи, во меѓувреме, термините на некои обиколки можат да бидат сменети или откажани.

Закажи обиколка

Обиколки

Sindumangok-ro 73, Gongdo-eup

Anseong-si, Gyeonggi-do, 17558

REPUBLIC OF KOREA

+82 31-690-0033

Најди ја локацијата

Дејност

Во оваа подружница се преведуваат библиски публикации на корејски и корејски знаковен јазик. Исто така, овде се прават библиски публикации на корејско Брајово писмо, како и разни аудио и видеоснимки. Секоја година до собранијата се испорачуваат милиони списанија и стотици тони библиска литература на повеќе од 30 јазици.

Преземи проспект за обиколка