Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПЕСНА 64

Радосно да учествуваме во жетвата

Радосно да учествуваме во жетвата

(Матеј 13:1-23)

  1. 1. Во време на жетва сме денес,

    да жнееме имаме чест.

    Пченицата веќе е зрела,

    и спремни за работа сме.

    Наш најголем пример е Исус,

    на полето предводи тој.

    Со голема радост го следиме

    и вредно собираме род.

  2. 2. Вистинската љубов нѐ тера

    со итност да правиме сѐ,

    за секој за веста да чуе —

    пред крај веќе жетвата е.

    Јехова соработник наш е,

    и радосни затоа сме.

    До крајот со ревност да жнееме,

    благословот обилен е.