Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПЕСНА 65

Напред!

Напред!

(Евреите 6:1)

  1. 1. Само напред, кон зрелост да одиме,

    за вистината од нас да свети како ден.

    И во службата да се подобриме,

    за поуспешни да сме.

    Многу работа стои пред нас,

    сепак, Исус е водачот наш.

    И Јехова во сѐ нѐ поддржува,

    не се повлекуваме.

  2. 2. Само напред и храбро со службата!

    Да го славиме нашиот голем Бог и Цар.

    И за добрата вест нека дознаат

    сите луѓе, сиот свет.

    Против делото некои се,

    но за тоа подготвени сме.

    Веќе тука е Царството, владее,

    ќе се слушне секаде.

  3. 3. Само напред решително, истрајно!

    Таа служба е радосна,

    Бог е покрај нас.

    Да се стремиме сите кон напредок,

    да сме повешти во сѐ.

    Нека љубовта мотив ни е

    да сведочиме, храбри да сме,

    и за секој што покажал интерес

    сѐ од нас да дадеме.